Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава нешто по 6:30 часот по локално време го погоди грчкиот остров Евија, а беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини.
После тоа, речиси еден час подоцна, следеа два нови земјотреси, во истото подрачје, со јачина од 4,1 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, пишува грчкиот весник.
Епицентарот на првиот земјотрес бил лоциран во морското подрачје, на пет километри од брегот на Заракес на Евија, на југоисточната страна на островот и бил на длабочина од 13,3 километри.
Засега нема извештаи за евентуални повредени и материјална штета, јавува Танјуг.