Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика сојузниците да го покажат истото единство во односот со Украина, што го покажуват во поддршката за Израел.
– Израел исто така не е членка на НАТО. Беспилотните летала на небото над Украина зујат исто како и оние над Блискиот Исток. Ракетите погодуваат и таму и овде исто толку силно – истакна Зеленски, истакнувајќи дека Западот сè уште се двоуми да испрати дополнителна воена помош за Киев, пренесе „Гардијан“.
Германија вети дека ќе испрати уште еден контингент на ракетниот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, додека претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон предложи да се одвои финансирањето за Украина од пакетот во вредност од 95 милијарди долари во кој се вклучени Израел и Тајван.