Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.
– Сè уште сме сведоци на неприфатливи акти на насилство врз политиката – напиша на „Икс“ високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Додека претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека е „длабоко шокирана“ од инцидентот.
– Политичкото насилство нема место во демократијата. Му посакувам на Доналд Трамп брзо закрепнување – објави Лајен на „Икс“.
И претседателот на Украина, Володимир Зеленски на „Икс“ напиша дека е згрозен од веста за пукањето врз Трамп.
– Вакво насилство нема никакво оправдување и нема место никаде во светот. Насилството никогаш не победува. Мило ми е што дознав дека Доналд Трамп е добро и му посакувам брзо закрепнување. Изразувам сочувство до роднините на учесникот во на митингот, кој стана жртва на нападот, им посакувам сила на сите кои се ужаснати од овој настан, се надевам дека Америка ќе излезе посилна од ова – истакна Зеленски.
Доналд Трамп ранет во пукањето на изборниот митинг во Пенсилванија, напаѓачот убиен
Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави дека „никогаш не е дозволено политичко насилство. Мислите ми се со поранешниот претседател Трамп, со луѓето на настанот и со сите Американци“.
Тајванскиот претседател Вилијам Лаи му посака брзо закрепнување на Трамп.
– Нема да дозволиме политичко насилство во каква било форма во нашите демократии. Изразувам искрено сочувство до жртвите од нападите – истакна Лаи.
Додека јапонскиот премиер Фумио Кишида наведе дека Јапонија се спротивставува на секој облик на насилствоп што ја предизвикува демократијата.
Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва пукањето врз Трамп го оцени како неприфатливо.
– Нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп мора одлучно да го осудат сите бранители на демократијата и дијалогот во политиката. Она што го гледаме денес е неприфатливо – посочи Силва.
Трамп: Ме застрелаа со куршум во горниот дел од десното уво
Премиерот на Индија, Нарендра Моди го нарече Трамп пријател и му посака брзо закрепнување.
– Силно го осудувам она што се случи. Насилството нема место во политиката и демократијата – истакна Моди.
ФБИ го идентификува напаѓачот на Трамп
Претходно обидот за атентат врз Трамп го осудија американските политичари и премиерите на Израел и на Унгарија, Бенјамин Нетанјаху и Виктор Орбан, како и претседателот на Хондурас Ксиомара Кастро де Зелаја.