Фото/Илустрација: Пикселс

Русија распореди повеќе од 180.000 нови војници во Украина на два главни источни фронта, тврди украинската војска.

– Повеќе од 180.000 припадници на руските трупи се распоредени во областа на одговорност на Источната група сили, на Лиманско-купјанскиот фронт. Овој фронт е подолг, поради што непријателот таму ги концентрира силите – изјави Серхи Черевати, портпарол на источната група на украинските вооружени сили – пренесe „Танјуг“, повикувајќи се на „Си-ен-ен“.

Во интервју за украинските медиуми, Череватии додаде дека „повеќе од 120.000 непријателски војници“ во моментов се на релација Лиман-Купјанск.

Градовите Лиман и Купјанск се на околу 100 километри од Бахмут на источниот фронт на Украина.