Фото: Принтскрин

НАТО ќе распореди противвоздушни ракетни системи, од американско производство, Патриот во Литванија во 2024 година – најави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.

– Годинава ротациониот систем за противвоздушна одбрана конечно ќе стане оперативен, барем делумно – истакна Анусаускас.

Литванија граничи со руската енклава Калининград и со руската сојузничка Белорусија.

НАТО изминатите години распоредија дополнителни сили во Источна Европа и во балтичките земји поради руската инвазија врз Украина. САД и европските сојузници минатата година и доставија на Украина неколку батерии Патриот, со цел да го поддржат Киев во неговата борба со Русија.