Западот „директно се бори“ против Русија во Украина, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во седиштето на ОН во Њујорк.
– Можете тоа да го наречете како сакате, но тие (Западот) се борат против нас, тие се борат директно против нас – рече Лавров на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН и додаде дека тоа е хибридна војна, која ја менува реалноста.
– Тоа што тие де факто се борат против нас користејќи ги Украинците, мислам дека сите овде што се заинтересирани за ситуацијата во Украина многу добро знаат дека Американците, Британците и другите се борат пред се за да обезбедат се повеќе и повеќе оружје – рече изјави шефот на руската дипломатија.
САД и европските земји кои испорачуваа системи за вооружување на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, инсистираат на тоа дека не се во војна со Москва, туку и помагаат на Украина да се одбрани.
Лавров предупреди дека е во „заеднички интерес да се избегне спирала на војна од големи размери и да се спречи конечниот колапс на механизмите за меѓународна соработка поставени во ОН“.