Американскиот милијардер призна дека е почестен што е на ист пат со НАСА, за транспорт на астронаути на Месечината.
Вселенската агенција во сопственост на американскиот милијардер Џеф Безос, „Блу Ориџин“ доби договор од НАСА за изградба на вселенско летало што ќе носи астронаути на површината на Месечината и назад – објави НАСА.
Honored to be on this journey with @NASA to land astronauts on the Moon — this time to stay. Together, we’ll be solving the boil-off problem and making LOX-LH2 a storable propellant combination, pushing forward the state of the art for all deep space missions. #Artemis… pic.twitter.com/Y0zDhnp1qX
— Jeff Bezos (@JeffBezos) May 19, 2023
Проектот предводен од „Блу Ориџин“ е вреден повеќе од седум милијарди долари.
Вложуваме дополнителни инвестиции во инфраструктурата што ќе го отвориме патот за првото човечко слетување на Марс – изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон.
– Нашите заеднички амбиции сега не се ништо помали отколку кога претседателот Кенеди предизвика генерација сонувачи да патуваат на Месечината.
Безос напиша на Твитер дека му е „чест што е на пат со НАСА да слетува астронаути на Месечината“.