Северна и Јужна Кореја разменија оган, засилувајќи ги тензиите еден ден откако лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се појави во медиумите по скоро тринеделно отсуство, пренесува Ројтерс.

Куршуми биле испукани од Северна Кореја во 7,41 часот по локално време, се вели во соопштението од командантот на јужните сили. Јужна Кореја одговорила со истрелување на два куршуми кон Северна Кореја. Нема информации за повредени.