Фото: Игор Бансколиев

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56, 61, 69, 70, 71, 79, 79 и 85), по 2 лица од Гостивар (62 и 70) и Кичево (59 и 83) и по едно лице од Куманово (84) и Тетово (60).

Од пријавените, 6 лица се починати во домашни, а другите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.