Најмалку 19 лица загинаа, а 11 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово во Турција, пренесуваат турските медиуми.

Меѓу загинатите има и деца. Полициски, амбулантни и други надлежни служби се на местото на несреќата.

Несреќата се случила кога камион со мигранти слетал од патот од Ајдин кон Измир и се превртел. 

Турција е една од главните рути преку која мигрантите се обидуваат да стигнат во Европа.