фото: Пекселс

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

– Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболка што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија – изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.