Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Околу 30 милиони евра годишно ќе се соберат од новата давачка која е се воведе на сметките за струја „Пристап до мрежа“ која ќе чини три до четири евра од секоја сметка месечно. Ова е грубата пресметка на дел од енергетичарите по најавата на првиот регулатор Марко Бислимовски, кој кажа дека во сметката за струја домаќинствата ќе имаат нова ставка за плаќање.

Според Бислимовски со новата давачка за пристап до мрежата, ќе се воведе правичност, затоа што не е во ред оние кои постојано ја користат мрежата, да плаќаат исто со оние кои тоа го прават ретко, како на пример во викендиците. Уверува дека таа нема да направи ценовен шок, а најверојатно ќе се намали и мрежарината.

Новата цена на струјата треба да се знае до крајот на годинава. Утре РКЕ ќе соопшти што од барањата на МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, е прифатено, а што не.  А дали и за колку би поскапела струјата, денови треба да соопшти ЕВН ХОУМ, но претходно одлуката ќе помине на контрола кај регулаторите.