АД ЕСМ вчера произведе 16.603 мегават часови електрична енергија, со што, како што информираат од Владата, целосно ги задоволила потребите на домаќинствата и малите потрошувачи и потребите за дополнителни снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и други витални држави субјекти.
Притоа, како што посочуваат, во термоелектраните произведени се 12.225 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.378 мегават часови електрична енергија.