Фото: З.А.

Традиционално пред Нова Година во кинеската компанија „Синохидро“,  ангажирана во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, се прогласуваат најдобрите домашни работници во сите сектори, кои покрај признанија добија и парични награди.

– Денес со мала свеченост во просториите на кинеската компанија „Синохидро“, ангажирана на автопатот Кичево – Охрид, беа прогласени најдобрите 22-ца домашни работници, од инженери, администратори, техничари, дизајнери и други. Наградените најпрво ги поздрави менаџерот на компанијата Џан, со порака за понатамошно проширување на работата и проектите и посака и во наредните години да се нижат успеси, со најголема желба во 2023 година во целост да се реализира планираниот проект. Покрај благодарници, најдобрите работници добија и парични награди за својот несебичен ангажман во компанијата. Оваа традиција кинеската компанија ја негува од доаѓањето во земјава  во 2014 година – истакна Дејан Тришоски, еден од наградените од страна на „Синохидро“. З.А.

Фото: З.А.