Министерот за економија Крешник Бектеши ѝ предложи на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се расправа по измените на Законот за енергетика да достави амандман со кој би се оданочување приватните хидроцентрали и соларните капацитети во земјава кои продаваат струја на слободниот пазар по 400 евра.
Предлог на Бектеши е приватните хидроцентрали кои продаваат струја по 400 евра да ги замрзнат цените.
– Сега ќе дојде законот за енегетика, ви препорачувам таков амандман да доставите – им порача Бектеши на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека веќе се обезбедени 250 милиони евра за справување со кризата и додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ ако сака, со својот глас, може да придонеср за обезбедување дополнителни 100 милиони евра заем од ЕБОР за АД ЕСМ.
Во рамки на денешната собраниската расправа по предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април, министерот уште еднаш повтори дека рудниците, банките, казината и воопшто компаниите кои остваруваат милионски суми профит не треба да добиваат субвенции од државниот буџет за струјата.
-Јас не сум за директна субвенциија од Буџетот за компании кои имаат милионски суми профит. Тие тој профит го направиле од овие граѓани, во оваа држава и треба да бидат општествено одговорни. Кога никелот на светските берзи рушеше рекорди немаше никаков проблем во делот на електричната енергија, но тие профити дали ги сподели некој со граѓаните – рече Бектеши.
Седницата почна со речиси еден час задоцнување, а прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој обвини дека Владата нема план како да се зголеми поизводството и како да се заштеди. Наместо најавените 300 милиони евра, рече, ќе се потрошат многу повеќе.