Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА.
Посочува дека ова е отворено прашање во концептот за даночна реформа и дека низ отпочнатата дебата треба да се дојде до најоптималното решение.
– Прво, сметам дека за оваа тема вреди да се дебатира, па после да дојдеме до предлог затоа што има разни решенија. Од аспект на правичност на даночниот систем има различни концепти. Еден е прогресивниот данок што сега постои како решение и треба да стапи на сила од 2023 година и што како решение го има во други земји, а другиот концепт е т.н. концепт на оптимален даночен систем. Тоа е еден друг модел за кој во 1996 година, Џејмс Мирлис има доделено Нобелова награда. Навидум тоа изгледа како рамен данок, една даночна стапка, а во суштина ќе добијат повеќе тие што имаат пониски примања. Тоа е преку т.н. даночно ослободување. Но, оставаме ова да оди на дебата, да видиме кој би бил најоптималниот модел за нашето стопанство – истакнува Бесими.е
Тој верува во отпочнатиот процес на даночни реформи и смета дека е добро да се отвори дебата за даночните реформи чија цел, како што вели, е забрзан економски раст и подобар квалитет на живот на граѓаните.
– Дебатае е клучна за да ги подобриме решенијата. Партиципативноста и инклузивноста на самиот процес е исклучително важен. Никој нема монопол над вистината. Ниту тоа што ние го презентираме како концепт, имаме право да кажеме дека е апсолутната вистина. Селушаме разни идеи и ќе дојдеме до некое решение кое сметам дека би било најоптималено во оваа фаза – вели министерот за финансии во интервјуто за МИА.