Фото: М.М.

Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, изјави за ТВ 24 првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.

– Рестрикции на струја не се опција – тврди тој.

Вели дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години. Ковачевски кажа дека располагаат со ограничени ресурси, ги спомена количините на јаглен, квалитетот, хидрологијата.