Министрите на денешната владина седница ја задолжиле Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да достави информација до Владата за состојбата со африканската свинска чума во земјата.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата донела заклучок за преземање активности за формирање Координативно тело за ефикасно институционално справување со последиците од оваа болест и заштита на свињарските фарми.