Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вели дека прогресивното оданочување ќе биде воведено, но тоа не треба да биде избрзано решение. Таа вечерва во интервју на ТВ Телма рече дека „кога ги направиле првите анализи, увидовме дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен“.
-Кога ја направивме анализата за структурата на данокот на личен доход увидовме дека имаме најголем раст кај страната на платите и на приходите што ги имаат граѓаните од игрите на среќа. Дали ефектот од прогресивното оданочување тогаш би бил позитивен, сметам дека не. Затоа во иднина треба да направиме соодветна дистинкција и да го одбереме најдоброто, но да не биде избрзано, рече Лукаревска.
Таа за во индина најави дебати на оваа тема и нагласи дека од крајот на август стартуваше само предлог даночна реформа и додаде дека неколку пати напоменале дека можеби ништо од тоа нема да влезе во имплементација.