Испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период. За месец декември е обезбеден природен гас од Макпетрол пром – гас и топлинска енергија од ТЕ-ТО, информира АД ЕСМ.
– АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови. Ги демантираме написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми околу испораката на греење за Скопје во следниот период – соопшти АД ЕСМ.