АД ЕСМ испорачува исклучиво електрична енергија произведена од домашните
капацитети. Кон ЕВН Хоум за потребите на граѓаните и малите потрошувачи се испорачува електрична енергија произведена во електраните на АД ЕСМ, ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, не се увезува струја и нема недостиг, соопшти ЕСМ.

– Дополнително, Владата го задолжи ЕСМ да обезбеди електрична енергија и за
планираниот процент загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО, со цел да се обезбеди и таа
енергија по домашни цени. Сето тоа се прави со поддршка од Владата и со финансиски план, со цел успешно да излеземе од енергетската криза. Засега менаџираме успешно, средствата кои се наменети досега за справување со кризата се значајни, но семногу помали од тоа што е потрошено во земјите од регионот. Активно сме вклучени со сите капацитети за максимално производство на електрична енергија, и за менаџирање и на кризата со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија – се
вели во соопштението на АД ЕСМ. М.М.