Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци што имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, ’рж, овес и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Според нив, од оваа година, оваа дополнителна мерка е изменета, па ограничувањето на приносот од пет до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка од април оваа година важи без ограничување од еден хектар, па нагоре за сите производители на житни култури.
– Оваа дополнителна финансиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство на житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка. Крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од речиси 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година – наведува МЗШВ.