Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од полноќ поевтинуваат бензините од еден денар до денар и половина. Цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 денари, а за еден денар на ЕУРОСУПЕР БС-98.

За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а  малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,361 денари по килограм.

Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 84,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 42,171 денар за килограм.