Русија подготвува 107 милиони долари помош за „Аерофлот“

Рускиот авиопревозник „Аерофлот“ би можел да добие до 7,9 милијарди рубли (106,8 американски милиони долари) државна помош во рамките на пакетот за поддршка на секторот во време на пандемија, се вели во пресметките што ги направи Ројтерс.
Руската влада им наложила на превозниците што претрпеле загуби поради корона-кризата да им се доделат 23,4 милијарди рубли државни пари.
Воздушниот сообраќај во Русија е под притисок откако на граѓаните им беше наложено да останат дома за да се спречи ширење на вирусот.
Патничкиот промет на руските авиопревозници паднал во април речиси 92 отсто, на 771.200 патници, соопшти државната агенција за воздухопловство „Росавиација“. Во март беше намален за повеќе од 28 отсто.

Германија ќе го стабилизирасистемот за социјално осигурување

Германија ќе мора да инјектира пари во системот за социјално осигурување за да го стабилизира и ублажи влијанието на коронавирусот врз здравјето, пазарот на трудот и пензискиот систем, предупредија властите во четвртокот.
Најголемата европска економија се соочува со најдлабоката рецесија од Втората светска војна, и покрај ублажувањата на ограничувањата што требаше да го запрат ширењето на вирусот.
Според процените на Министерството за финансии, Германија оваа година ја очекуваат за 10 отсто помали даночни приходи отколку во 2019 година, за вкупно 81,5 милијарда евра.
Очекуваниот пад на приходите е прв од финансиската криза во 2009 година. С.Т.