Најмалку 17 лица загинаа, а десетина се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во западна Етиопија.
Несреќата се случила на пат помеѓу градовите Шамбу и Некемте во етиописката покраина Западна Омонија.
Локалните власти соопштија дека автобусот паднал во провалија, откако возачот изгубил контрола над возилото.
Во несреќата загинал и возачот и неговиот помошник.
Локалните медиуми јавуваат дека меѓу настраданите има и пешаци кои во моментот на несреќата се наоѓале на патот.
Според првичните информации, автобусот превезувал поголем број патници од предвидениот капацитет.