Еден косовски и еден албански државјанин се уапсени вчера на граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Македонија врз основа на известување од Интерпол.
Полицијата соопшти дека во 4:30 часот вчера изутрината на ГП „Долно Блаце“ за влез во Македонија бил приведен Л.Ш.(33) од Албанија, врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Како што е наведено во дневниот Билтен на Министерството за внатрешни работи, на ГП „Долно Блаце“ синоќа во 18:50 часот при пасошка контрола за влез во Македонија е констатирано дека Б.Ш.(47) од Косово се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „Апси“, по што е приведен за понатамошна постапка.