Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Од превентивни причини воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.