Фото: МЕРМС

Првиот Форум за енергетска дипломатија обедини амбасадори, претставници на дипломатски мисии, министри, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, раководители на домашни и странски компании, финансиски институции и експерти од регионот и пошироко.

Меѓу учесниците беа претставници на Европската комисија, Обединетите нации, УНДП, УНЕЦЕ, Светската банка, ЕБОР, Меѓународната агенција за енергетика, ENTSO-E, дипломатскиот кор, како и водечки енергетски компании и институции.

Дискусиите за женското лидерство во енергетиката, енергетската безбедност, обновливите извори и зеленото финансирање отворија простор за размена на искуства, нови перспективи и поврзување на различни чинители.

Посебно значење има Скопската декларација за жените во енергетската дипломатија, со која се испраќа порака за зајакнување на женското лидерство, поголема вклученост во процесите на одлучување и унапредување на соработката меѓу жените во енергетскиот сектор на национално, регионално и меѓународно ниво.

Форумот беше организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и УНЕЦЕ, а покажа дека енергетските предизвици бараат заеднички пристап, доверба и посилна регионална и меѓународна соработка.

Вредноста на ваквите средби е во поврзувањето на луѓето, институциите и идеите, бидејќи енергетската иднина не се гради изолирано, туку преку дијалог, партнерства и заедничка одговорност.