Фото: ЕПА

Кина, Русија и САД ќе продолжат да ја координираат меѓусебната комуникација на работно ниво по денешната историска средба меѓу кинескиот претседател Шји Џинпинг и неговите американски и руски колеги, Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, оценувајќи ги разговорите како „самит за мир“.

Тројцата лидери „лично си ги објаснија своите стратешки намери“ и се согласиле да работат на спречување конфликти и конфронтации, изјави Ванг Ји на прес-конференција по завршувањето на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), во кинескиот град Шенџен.

Трилатералната средба, која според Ванг е прва од ваков вид, создала „нов модел“ на интеракција меѓу тројцата лидери. Таа се одржала „во согласност со трендовите на нашето време и очекувањата на светот“, истакна кинескиот министер.