Високодоверливата мрежа за внатрешна комуникација што ја користи американската Агенција за национална безбедност (НСА) е нефункционална, објави денеска „Си-ен-ен“, повикувајќи се на пет извори запознаени со случајот.
Агенцијата работи на утврдување на обемот на проблемот, но засега нема непосредни докази дека прекинот е предизвикан од кибернапад, објави „Си-ен-ен“.
НСА сè уште не одговорила на барањето за коментар во врска со наводниот системски пад. „Ројтерс“, пак, засега не успеал да го утврди обемот ниту времетраењето на прекинот.
Извештајот доаѓа во период на зголемена загриженост поради серијата технички проблеми во САД, меѓу кои и дефектите што минатата недела го нарушија воздушниот сообраќај во земјата и предизвикаа прекин во функционирањето на електронската пошта на „Мајкрософт“ (Microsoft).
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го минимизираше значењето на прекините во комуникациските системи, оценувајќи дека ваквите проблеми се неизбежни.
-Овие работи се случуваат. Во ред е – им изјави Трамп на новинарите во Манила, одговарајќи на прашање за прекините.
































