Фото: Принтскрин

Едно лице е повредено, а едно е приведено по инцидентот што вечерва се случи во близина на спортската сала „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека повреденото лице со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му била укажана лекарска помош.

Според информациите на МВР, помала група членови на навивачката група „Фемили“, која навива за МЗТ Скопје, нападнала навивачи на Работнички, кои чекале во ред за влез на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на Скопје и Работнички, во рамките на домашната Суперлига.

Како што информираа од МВР, повеќе членови на „Фемили“ се движеле од улицата „Васко Карангелески“ кон спортската сала „Јане Сандански“, каде што претходно биле собрани околу 50 навивачи на КК „Работнички“.

Дел од навивачите на „Фемили“ потоа се приближиле со запалени пиротехнички средства и физички ги нападнале навивачите на Работнички.

Едно лице е приведено, а едно лице се здобило со повреди и истото со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.