Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека преку партнерски канали од САД добила информации за подготовка на терористички напад во Москва и дека веќе презема соодветни мерки.
„Преку партнерските канали од американска страна беа добиени информации за подготовка на терористички акт во Москва. Во моментов се преземаат соодветни активности“, се наведува во соопштението на ФСБ.
Претходно, американската амбасада во Москва соопшти дека располага со информации за „веродостојна закана од инцидент со голем број жртви“ во музејскиот комплекс „Царицино“ во руската престолнина.
Од амбасадата информирале и дека американската Влада ги координира своите активности со руските власти.
































