Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К15 на вработените. Надзорот, кој почна од почетокот на годината, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
– Засилениот инспекциски надзор во областа на производството на текстил и чевли е од причини што најголем број претставки во изминатите години беа од работниците во наведените дејности – појаснуваат од Министерството, додавајќи дека во случаите каде што ќе се утврди дека не е постапено во согласност со Законот и со колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки.