Атина и Софија на 3 октомври 2026 година разменија македонско културно-историско наследство како бугарско односно грчко – од окупираниот дел на Македонија. Така го правеле тоа во историјата, така го прават и денес, само што решија да не трошат пари во антимакедонска пропаганда по светот, си купија партии и носители на власта во Македонија, врховистите и колаборационистите наместо окупаторите самите да го прават тоа – туѓите интереси во Македонија да ги бранат и одбранат. Квислинг не им е рамен!
Наспроти историската вистина за монолитни нации поради западните интереси. Во Грција има сѐ само Грци не, иако по Устав сите се! Исто како што: Во Бугарија има сѐ само Бугари не, иако по Устав сите се!
Бугарија како енклава на инородните бугарски цареви од таканареченото „Трето Бугарско Царство“ од инородните германски династии Батенберг и Сакс-Кобург и Гота: кнезот Александар I Батенберг, царот Фердинанд I, царот Борис III и царот Симеон II.
И Кралството Грција (1832-1974) како енклава на инородните германски и дански кралски династии: династијата Вителсбах од Баварија-Германија со „кралот на Грција“ Отон I, кој владеел од 1832 до 1862 година избран на Лондонската конференција; и династијата Гликсбург од Данска-Шлезвиг-Холштајн со „кралот на Елините“ Георги I (1863-1913) роден како дански принц Вилхелм – син на данскиот крал Кристијан IX, кој владеел цели 50 години пред да биде убиен во Солун; Константин I (1913-1917 и 1920-1922), син на Георги I, роден во Атина, но со целосно данско-германско потекло, кој двапати абдицирал; Александар I (1917-1920), вториот син на Константин I, кој починал од каснување на мајмун; Георги II (1922-1924 и 1935-1947), најстариот син на Константин I, чие владеење било прекинато со прогласувањето на Втората грчка република; Павле I (1947-1964), брат на Георги II; и Константин II (1964-1973), последниот крал на Грција, чија монархија била дефинитивно укината по референдумот на 8 декември 1974 година, со што Грција станала република.
Со размена на неидентификувани мошти, без ДНК-анализа, Атина и Софија ги долегализираат окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ, започнати од Букурешкиот договор на 10 август 1913 година, по Балканските војни 1912-1913 година.
Имено, Грција ѝ ги врати на Бугарија наводно моштите на македонскиот цар Самуил од егејскиот дел на Македонија, а Бугарија ѝ враќа на Грција црковни реликвии и мошти на светци што бугарската војска, исто така, ги украла од егејскиот дел на Македонија за време на Првата светска војна: 48 вредни црковни артефакти и мошти на светци што потекнуваат од манастирот „Панагија Икосифиниса“ на планината Пангеја, манастирот „Свети Јован Крстител“ во Серес и Светата митрополија Серес и Нигрита. Не се само тие, има уште. Бугарите краделе од целата територија на Македонија.
За жал, рецидивите од Балканските војни 1912-1913 година сѐ уште се товар на Македонскиот Полуостров. Во такви услови, балканските метрополи како зомби се хранат со мртви души и непознати мошти – лечат неизживеани суети и романси, жалат за санстефанска Голема Бугарија од 3 март 1878 година, по Руско-турската војна 1877-1878 година.
Како велеше шарлатанот Зоран Заев: Ако сите околу нас се против нас, проблемот не е кај нив, туку кај нас! Ако веќе си напишале историја за Македонија како албанска, бугарска, грчка и српска, зошто ние да пишуваме нова македонска? И… владата на шарлатанот Зоран Заев влезе во проекција за укинување на предметот Историја во воспитно-образовните установи на државата Македонија – посимпатично им беше да воведат родова идеологија и сексуално образование. Платени се за да учиме туѓа место наша македонска историја за Македонија.
Своевремено, грчката министерка за надворешни работи Пандора Бакојани рече: Ние историја за Македонија еднаш напишавме, повторно нејзина ревизија нема да вршиме! И така бидна! Си плати Атина извршители во Македонија да ни наметнат грчка историја за Македонија, формираа меѓувладина македонско-грчка комисија за ревизија на македонската историја формирана врз основа на спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година, а со која ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија, владата на шарлатанот Зоран Заев им го предаде на владата во Атина. Според спогодбата Димитров-Коѕијас и договорот Заев-Борисов, Македонија од држава треба да стане територија без македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија.
Само, прашањето е: Зошто Еди Рама не ја покани СДСМ, како најголема албанска партија во Македонија, во Тирана на 29 декември 2016 година, при потпишувањето на Тиранската платформа за демонтажа на Македонија? И, прашањето: Зошто, пак, Румен Радев не ги покани СДСМ, Зоран Заев, Никола Димитров, Димитар Ковачевски, Венко Филипче, Љубомир Фрчкоски и Бујар Османи на примопредавањето на наводно моштите на македонскиот цар Самуил од Атина на Софија на 3 октомври 2026 година, знаејќи дека СДСМ потпиша договор за „заедничка“ (читај: бугарска, м.з.) историја меѓу Бугарија и Македонија?
Да не заборавиме: Големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А, универзални вредности на македонската цивилизација се: мирот и љубовта, наспроти омразата и војната; толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам, којшто подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам, којшто, пак, поаѓајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации, врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури сѐ до нивна физичка ликвидација од Земјината топка.
Крајно, парадата „враќање на коските на цар Самуил од Солун во Софија“ не е никаков удар против македонизмот, како што коментира бугарската агенција БГНЕС! Македонизмот не е политичка идеологија за дебугаризација или посрбување на Бугарите во Македонија! Тоа им е алиби на софиските наци-фашисти во заблудувањето на домашната и европската јавност дека македонскиот народ е вештачка нација, производ на Русија, Србија и комунизмот! А, цел век коленичеа пред Москва! Затоа денес домашните, од странци, платеници ќе се потепаат водејќи „битка против руското и кинеското влијание“ како Дон Кихот и Санчо Панса. Таа диоптрија ја имаат само тие што македонското прашање го гледаат преку призмата на српско-бугарските интереси за Македонците и Македонија. Македонците и Македонската Империја постоеле и пред Албанците, и пред Грците, и пред Бугарите, и пред Србите како политички нации со свои културни идентификации од 20 век! Како што верни на султанот во времето на Отоманската Империја биле јаничарите, така и денес софиските врховисти и колаборационисти во Македонија се поголеми католици од папата! Историски, предавството им е лиценца за лојалност кон окупаторите во обидот да се спасат од интернација или ликвидација! Македонизмот е и етнологија и филозофија и образование и наука и култура и историја, Македонците постоеле и пред Тито и пред Комунистичката партија на Југославија и пред Сталин и пред Комунистичката интернационала!
Се разбира, ние Македонците не водиме војна со Грците и Бугарите за Македонија. Бугарија и Грција ги создале големите сили за свои сфери на влијание на овие простори, им донеле суверени од нивните династии да ги управуваат тие територии, овие пак си донеле историчари од земјите од каде што дошле да им напишат историја за територијата што ја владеат и оттогаш разликите и границите помеѓу нас, по логиката „раздели, па владеј“, за вечно да нѐ владеат. А, сите биле делови на исти империи и за очекување е сите држави како политички нации да носат исто или слично културно-историско наследство. Затоа, илузија е да се бара одговор на прашањето што е постаро – кокошката или јајцето. Чие е ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија?! Балканските нации во односите меѓу себе се, математички речено, инверзни матрици во иреверзибилни процеси.
Иако сме единствени во светот чија држава го носи името Македонија, свесни дека Империјата Македонија не може да се супституира во Републиката Македонија и знаејќи дека сите политички нации како делови на исти империи на овие простори споделуваат исто или слично културно-историско наследство, ние Македонците, макар и еднострано, декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!
Во меѓународното право не постои монопол врз историјата! Во меѓународното право не постојат „историски права“ и поради тоа договорите со Грција и Бугарија со кои се менуваат името, јазикот, културата и историјата на македонскиот народ и државата Македонија се ништовни! Во меѓународното право секој може да си ја пишува својата и чија било друга историја според сопственото уверување и убедување.
Кога сме признале, преку договорот со Бугарија од 1 август 2017 година, дека имаме „спор“ (а по дефиниција една страна секогаш е виновна), тогаш ние правно сме виновни и во случај да ги прифатиме сите барања од Бугарија, бидејќи со таков епилог признаваме дека досега лажно сме се претставувале!
Во спротивно, ако ги отфрлиме барањата на Бугарија, бидејќи претходно сме признале постоење на „спор“, имплицитно вината за неуспех на преговорите е на наша страна. Овде не постои начелото пресумција на невиност! Договорот од 2017 година подразбира дека мора да се најде решение, но по прашањето дали ова е пронајдено мора да се согласат и двете страни. И „спорот“ ќе постои, а Македонија ќе биде принудена на пораз, сѐ додека е во сила Договорот со Бугарија. Оттука, единствено решение е итно и безусловно еднострано раскинување на договорот Заев-Борисов со двата протокола и итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладината македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја!
За среќа, секој (начелно) надворешен обид за промена на идентитетот, преку меѓународен акт, се смета за нелегално наметнување национален идентитет, т.е. постои пресумција дека таков акт е направен под принуда или уцена и поради тоа е ништовен! Со билатерален договор не може да се менува меѓународното право, не може да се суспендира правото на самоопределување и самоидентификација на македонскиот народ за македонска држава – Македонија! Особено што и ЕУ потврди дека името Македонија не прејудицира територијални претензии кон соседните држави!
И по сѐ и покрај денешната гротескна парада на Софија и Атина, моштите на македонскиот цар Самуил сѐ уште се наоѓаат во Македонија и еден ден ќе бидат откриени – ќе останат таму каде што и припаѓаат – во Македонија!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Тодор Петров































