Во пресрет на вечерашниот натпревар од Лигата на нации меѓу Македонија и Шкотска, пријателскиот фудбалски меч меѓу навивачи на двете репрезентации заврши со инцидент.
Наместо спортско дружење и фер-плеј, играчите од двата тима влегле во меѓусебна пресметка, по што следувала полициска интервенција за да ги раздои.
Во моментот на прекинот резултатот бил 1-1. По инцидентот натпреварот не продолжил, па тој резултат останал како конечен.








































