Концерт за незаборав

Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“, кој ќе се одржи на 16 октомври во 19.30 часот во Македонскиот народен театар.
Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна – Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи нѐ зошто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија.
На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, кои ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус.
– Ги покануваме сите љубители на изворната македонска песна и почитувачи на ликот на Никола Бадев да бидат дел од оваа незаборавна вечер и заедно да го зачуваме ехото што трае со генерации. Бидете дел од традицијата што живее! – порачуваат од ансамблот.