КОШАРКА – СУПЕРКУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“

Кошаркарите на MЗТ Скопје ја продолжи серијата успеси во Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“, откако во неизвесен финиш го совладаа МКК Куманово со 70-68 (22-21, 17-16, 19-14, 12-17) и шести пат во низа го освоија трофејот, а вкупно деветти. Натпреварот се одигра во спортската сала во Куманово, пред 3.250 гледачи.
Кај скопјани најефикасен играч на натпреварот беше Ноа Фарахан со 20 поени, а имаше и четири скока и три асистенции, Војдан Стојановски впиша 16 коша и седум скока, а Лука Стојановски придодаде 11 поени. Во редовите на МКК Куманово, Бобан Стајиќ беше најпрецизен со постигнати 16 поени, а имаше и по шест скока и асистенции, Камерон Гуден уфрли 11 поени, а имаше и шест скока, додека Стојан Ѓуроски и Андрија Стевановиќ постигнаа по 11 поени. Г.И.