Тринаесетгодишно момче од Скопје било пренесено во ГОБ „Свети Наум Охридски“ со повреди, откако било физички нападнато од родител на негов соученик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, нападот се случил вчера околу 12.20 часот на подрачјето на општина Аеродром.
Во 15.38 часот во СВР Скопје од болницата било пријавено дека кај нив со повреди било донесено 13-годишното момче. Од МВР информираат дека, според пријавата, детето било физички нападнато од С.Р., родител на негов соученик.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
































