
На 3 октомври 2026 година во Македонија ќе допатува фудбалската репрезентација на Шкотска, која во рамките на групата Б1 од Лигата на нациите на УЕФА ќе се натпреварува против селекцијата на Македонија.
По тој повод, истиот ден од 13 до 15 часот, на игралиштето на ФК „Локомотива“ во Карпош ќе се одржи пријателски рекреативен натпревар меѓу навивачите на двете земји.
Во 13 часот, во просториите на Здружението за мултиетничка музичка едукација „Рома Рок Скул“ (Roma Rock School) на улицата Орце Николов 68 во Скопје, претставници на шкотските навивачи Тартан Арми Санпајн Апил (Tartan Army Sunshine Appeal (TASA) ќе предадат донација од 5.000 фунти.
Средствата ќе бидат искористени за поддршка на бесплатната музичка едукација на деца и млади, обезбедување бесплатен превоз, набавка на музички инструменти и опрема, како и за организирање обуки за музичко творештво и мултиетничка толеранција преку музиката.
Донацијата ќе овозможи подобри услови за учење, творење и заедничко музицирање на младите.

































