Фото: РФМ

РАКОМЕТ

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на 14 клуба од Првата машка лига и седум клуба од Првата женска ракометна лига им беше доделена спортска опрема за претстојните натпреварувачки сезони.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, на претставниците на клубовите во двете конкуренции им врачи комплети дресови, шорцеви и тренерки, како и ракометни топки.
Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клупскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување, информираат од РФМ. Г.И.