Полицијата привела 38-годишен маж од Македонски Брод, кој се сомничи дека вчера предизвикал пожар во селото Брезница, пренесе МИА.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Македонски Брод го лишиле од слобода М.Т. (38), по пријава дека на 5 септември, околу 10 часот, предизвикал пожар во близина на неговата куќа.
Според пријавеното, пожарот настанал поради искрење од бензински тример за косење, по што се проширил кон соседните имоти.
Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат со интервенција на екипа на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и локалното население.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.































