Фото: КФМ

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ ВО ТАРАНТО

Во фи­нал­на­та бор­ба акту­ел­ни­от европ­ски мла­дин­ски пр­вак го по­бе­ди Хр­ва­тот Бо­ран Бе­рак и со тоа ѝ го до­не­се на Ма­ке­до­ни­ја вкуп­но ше­сти­от ме­дал, прв зла­тен, на МИ 2026

Ма­ке­дон­ски­от ка­ра­тист Ма­теј Бе­ли­сто­ја­но­ски (21), член на КК Олим­пик од Скоп­је, пред­во­ден од тре­не­рот на ма­ке­дон­ска­та се­ни­ор­ска ре­пре­зен­та­ци­ја, Але­ксан­дар Куз­ма­нов­ски, денеска освои зла­тен ме­дал на 20. Ме­ди­те­ран­ски игри (МИ) во Та­ран­то (Ита­ли­ја). Во те­жин­ска­та ка­те­го­ри­ја до 67 ки­ло­гра­ми, во дис­цип­ли­на­та бор­би, во фи­нал­ни­от ду­ел, акту­ел­ни­от мла­дин­ски европ­ски шам­пи­он од 2026 година во Кипар, го по­бе­ди со 6-0 Хр­ва­тот Бо­ран Бе­рак и со тоа ѝ го до­не­се на Ма­ке­до­ни­ја вкуп­но ше­сти­от ме­дал, а прв зла­тен на Ме­ди­те­ран­ски­те игри за 2026 го­ди­на.

До злат­ни­от ме­дал Бе­ли­сто­ја­но­ски стиг­на отка­ко ги совлада мош­не ква­ли­тет­ни­те прет­став­ни­ци Му­ста­фа Ал­ма Са­лех (6-1) од Си­ри­ја, Лу­ка Ма­ре­ска (2-0) од Ита­ли­ја и во по­лу­фи­на­ле­то Ге­ор­ги­ос Ба­ли­о­тис (5-1) од Гр­ци­ја, ко­го го победи и во фи­на­ле­то на мла­дин­ско­то Европ­ско пр­венс­тво (ЕП) го­ди­на­ва во Ки­пар (2-0). Денеска поп­лад­не тре­ба­ше да на­ста­пи уште ма­ке­дон­ска­та ка­ра­тис­тка Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска (во ка­те­го­ри­ја­та до 61 кг), а утре и Сте­фан Сто­ја­но­виќ (над 84 кг).

Со овој ме­дал на го­ле­ма­та ка­ра­те-на­деж на Ма­ке­до­ни­ја, Бе­ли­сто­ја­но­ски, Ма­ке­до­ни­ја до­се­га освои шест ме­да­ли на го­ди­наш­ни­те Ме­ди­те­ран­ски игри во Та­ран­то, од кои (ед­но зла­то) две или три сре­бра и три брон­зи. На МИ 2026 во Ита­ли­ја сре­бре­ни ме­да­ли осво­и­ја бо­ра­чи­те Фа­ти Веј­се­ли (ка­те­го­ри­ја до 74 кг) и Ре­џеп Хај­да­ри (до 97 кг), а брон­зе­ни ме­да­ли бо­ра­чот Ах­мад Мо­га­ме­дов (до 86 кг) и бо­рач­ка­та Ве­ро­ни­ка Кон­се­виќ (до 57 кг), си­те во бо­ре­ње сло­бо­ден стил, ка­ко и бо­ксе­рот Ален Ру­сте­мов­ски (до 60 кг). Г.И.