- Иако политичките елити на овој остров богат со ресурси беа нападнати од сите можни страни, а Брисел не стоеше мирно, туку постојано испраќаше емисари за да успее референдумот, сепак, тоа не се случи. Народот покажа дека ги има силата и мудроста дека за нацијата е подобро да остане суверена и суверено да владее со своите ресурси. Најмногу беа засегнати за рибарството, еден од идентитетските столбови на нацијата. Тие си го сакаат морето и се изборија за него
Тоа се покажа на референдумот каде што јасно мнозинство од над 52 проценти од избирачите рекоа „не“ за почеток на преговори за членство со Европската Унија. Тоа, сепак, не значи дека е комплетно затворена можноста за еден ден и Исланд да стане член на ЕУ, затоа што за тоа ќе треба да реши парламентот. Тој ќе треба да ја стави последната точка на тоа досие.
Иако политичките елити на овој остров богат со ресурси беа нападнати од сите можни страни, а Брисел не стоеше мирно, туку постојано испраќаше емисари за да успее референдумот, сепак, тоа не се случи. Народот покажа дека ги има силата и мудроста дека за нацијата е подобро да остане суверена и суверено да владее со своите ресурси. Најмногу беа засегнати за рибарството, еден од идентитетските столбови на нацијата. Тие си го сакаат морето и се изборија за него.
За Брисел ова не е изгубена војна, но секако е голем удар за плановите да го прошири своето влијание на далечниот север и да се покаже како геополитички фактор. На Исланд му е доволно што има пристап до единствениот економски простор, во шенгенската зона и има пристап до значајни фондови и цврсто стои на позиции дека за својата безбедност е доволно што е членка на НАТО. Ова последното беше едно од најважните прашања, затоа што евентуална американска инвазија на Гренланд се користеше како баба рога за неопределените исландски гласачи. Повеќето од нив останаа на својот камен и покажаа јасен суверенизам.
Од друга страна, до Брисел е испратена сериозна порака како предупредување дека процесот на проширување не оди како што треба, а за тоа се криви најмногу токму во центрите на политичка моќ во Унијата. Дали по овој удар ќе се отвори „балканската маршрута“ за влез во ЕУ или и натаму Брисел со земјите кандидатки ќе зборува на половина уста? Во бриселски кругови долго време се зборува дека ако Исланд се реши да преговара со ЕУ, во тој случај на брза патека ќе стане нова членка заедно со Црна Гора и пред 2030 година.
Што сега? Следуваат нови дилеми за стариот резон на размислување на ЕУ…
































