Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Шпанецот Енрик Мас ја потврди својата позиција во водечката црвена маичка со убедлива победа во деветтата етапа на грантур-трката Вуелта во Шпанија. Со оглед на тоа што убедливиот фаворит Тадеј Погачар беше надвор од конкуренција, трката беше подготвена за пресврт на 187 км нагорнина до врвот на Аитана.

На три километри од целта, трикратниот освојувач на 2. место на Вуелта нападна, одбивајќи ја заканата од британскиот возач Оскар Онли и славејќи додека ја преминуваше целта, пишува „Би-би-си“.

– Победата носејќи ја црвената маичка е многу посебна – рече Мас, пренесе „Би-би-си“.

Мас го зголеми своето водство на чело на генералниот пласман на една минута и 18 секунди пред Примож Роглич од Словенија, кој го освои третото место, по што следуваше Феликс Гал, кој задоцни 18 секунди, но остана трет во генералниот пласман.

Вчера возачите го имаа својот прв ден за одмор пред трката да продолжи денеска, со 10. етапа од 184 км, која вклучува три искачувања од трета категорија помеѓу Алкараз и Елче де ла Сиера.

Генерален пласман по девет етапи: Енрик Мас, Примож Роглич (плус 1:18 минута), Феликс Гал (плус 1:39), Оскар Онли (плус 2:20), Ричард Карапаз (плус 3:26)… Н.М.