Фото/Илустрација: Пискабеј

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони се очекува зголемена облачност, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 17 степени, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота локално се очекува нестабилност со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во текот на викендот, на места дневните температури ќе надминат 40 степени.