Фото: „Нова Македонија“ / Илустрација

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени.

За во Скопје, исто така, се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 18, а максималната да достигне до 35 Целзиусови степени.

Според најавите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.