Фото: Маја Јаневска Илиева/илустрација

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе биде засилен.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне 38 степени.

Сепак, според прогнозата на УХМР, временската слика ќе се промени во наредните денови. Утре и задутре, наместа се очекува нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

По денешните високи температури, во делови од земјата следуваат локални врнежи и грмежи, особено во периодите кога ќе се развива нестабилноста.