ЕП ВО АТЛЕТИКА
- Подвигот да биде уште поголем е фактот поради кој Ингебригтсен беше подложен на операција на Ахиловата тетива во јануари годинава и се врати на тренинзите дури пред шест недели
Норвешкиот атлетски великан Јакоб Ингебригтсен (25) го освои рекордниот седми европски златен медал во трката на 5.000 метри на Европското првенство (ЕП) во 2026 година, кое се одржува во Бирмингем (Велика Британија) до 16 август, на тој начин израмнувајќи се со хрватската фрлачка на диск Сандра Елкашевиќ. Подвигот да биде уште поголем е фактот поради кој Ингебригтсен беше подложен на операција на Ахиловата тетива во јануари годинава и се врати на тренинзите дури пред шест недели. Сепак, 324 дена откако последен пат излезе на атлетската патека (СП во Токио 2015), тој направи неверојатен успех и победи со време од 13:15:29 минути.
– На 600 метри до крајот, знаев дека ќе победам. Само се надевав дека нема да се заморам премногу. Се сомневав во себе секој ден и секоја минута до пред последниот круг, но секогаш се надевав. Доаѓањето од најниските нивоа за повторно да бидам европски шампион ми значи сѐ. Дури ни јас не верував дека тоа може да се случи кога доаѓав тука – изјави Ингебригтсен за „Би-би-си“.
Британската спринтерка Ејми Хант (100) го освои златниот медал на 100 метри со време од 11 секунди. Ева Свобода од Полска го освои среброто (11,02 сек.), додека Делфин Нканса од Белгија бронзата (11,06 сек.).
– Имав толку многу сребрени медали што почна малку да ми станува здодевно, па помислив дека е време за злато. Моите родители ми ги подарија овие златни обетки за конечно да се искачам на врвот, оти носам целосно сребрен накит. Пред две ноќи ми рекоа дека е време за злато. Дефинитивно беше време да станам полнолетна, тука – рече Хант за „Би-би-си“.
Холанѓанката Џесика Шилдер (27) ја освои европската титула во фрлање ѓуле потврдувајќи ја својата доминација со третото европско злато во низа и е прва што го повтори тој успех по Русинката Надежда Чижова (четири титули помеѓу 1966 и 1974 година). Со фрлање од 20,73 метри во последниот обид, откако веќе ја обезбеди титулата, таа заврши пред својата сонародничка Јоринда ван Клинкен (19,64) и Германката Јемиси Мабри (19,50). Шилдер е и светска шампионка од СП во Токио 2025 година. Златниот медал во штафетата 4×400 метри мешано отиде во рацете на Норвешка, која имаше време од три минути, девет секунди и 62 стотинки. Среброто ѝ припадна на Велика Британија (3:10:47), додека Холандија ја освои бронзата (3:10:77).
Повеќе од 1.600 учесници од 48 држави се натпреваруваат во Бирмингем на (ЕП), кое започна во понеделникот и ќе трае до 16 август, а најдобриот македонски атлетичар, маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствениот македонски претставник во Бирмингем. Тој ќе настапи на 16 август (8.10 часот). Г.И.

































