Фото: Пиксабеј

Колагенот е важен за кожата, зглобовите, косата и за ноктите. Одредени намирници можат да придонесат за негово внесување и за создавање во телото. Домашните супи, рибата и квалитетната храна се добар избор за исхрана богата со колаген. Колагенот е еден од најважните протеини во човечкото тело бидејќи придонесува за еластичноста на кожата, здравјето на зглобовите, како и за цврстината на косата, ноктите и на сврзното ткиво. Бидејќи неговото природно производство се намалува со возраста, многумина се обидуваат да го компензираат неговото внесување преку дневната исхрана. Најголемите количества колаген се наоѓаат во храната од животинско потекло, а начинот на приготвување дополнително може да влијае на тоа колку телото ќе го користи. Еден од најдобрите природни извори на колаген се домашните супи и чорби направени од коски, ’рскавица и зглобови од говедско или од телешко месо. Долготрајното готвење, кое може да трае меѓу шест и 12 часа, овозможува ослободување колаген, желатин, аминокиселини и минерали, што ги прави овие супи исклучително хранлив оброк.
Меѓу храната богата со колаген се издвојуваат и смоквите, кои содржат многу природен колаген и можат да бидат дел од балансирана исхрана. Пилешкото е добар извор на овој протеин, особено делови како кожата, крилјата и вратот, кои содржат повеќе сврзно ткиво. Рибата е уште една храна богата со колаген, а колагенот од риба е полесен за варење. Особено се препорачува кожата од лосос. Покрај храната што директно содржи колаген, постојат и такви намирници што му помагаат на телото да го произведува природно. Меѓу нив се: јајцата, особено жолчки, полномасното млеко, путерот, свежото сирење, павлаката, говедското и телешкото месо.