КОШАРКА – ЕП ЗА КАДЕТИ

Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија (до 16 години), по стартната победа над Кипар, доживеа два пораза во низа, прво од Исланд, а во третиот натпревар и од Хрватска со убедливи 57-112 (15-21, 18-25, 14-35, 10-31) на Европското првенство (ЕП), во дивизијата Б, кое се одржува во Гевгелија и во Скопје. Иако Хрватска важеше за фаворит пред почетокот на мечот, македонските кадети влегоа максимално ангажирано и борбено во салата „26 Април“ во Гевгелија, но без сили да направат изненадување. Дион Шабани беше најефикасен во македонските редови со 16 поени и осум скока, а Александар Котевски впиша 10, додека кај Хрватите доминираше Лука Лени Укиќ, кој уфрли 28 поени.
Македонските кадети вчера беа слободни на ЕП, а денеска (18.30 часот), во истата сала во Гевгелија, ќе атакуваат на втората победа во групата Б, овој пат против репрезентацијата на Швајцарија.
По три одиграни кола во групата Б, Хрватска и Исланд имаат по максимални шест бода, Украина пет, Македонија четири, Кипар и Швајцарија по три. Г.И.